Категории
Авто Школа Дарко-ТТ ви ги нуди следните категории и под категории. За повеќе информации јавете се на телефонските броеви поставени во КОНТАКТ или обратете се директно во просториите на Дарко-ТТ.


Категорија Возила Пропишана
возраст
Претходна
категорија
Забелешла Потребно
лекарско уверение
A


Мотоцикли со или без бочна приколка. 18 год. Смее да управува со А1 и велосипед со мотор ДА
A1


Лесни мотоцикли чија работна зафатнина не надминува над 125cc и силата на моторот не надминува над 11kw. 16 год. Смее да управува и со велосипед со мотор ДА
Б
Моторни возила чија вкупна маса не надминува 3500кг кои освен седиштето на возачот немаат повеќе од 8 седишта, на кои можат да им се додадат приклучни возила чија вкупна маса не надминува 750кг ако вкупната маса на приклучното возило не ја надминува масата на влечното возило или комбинација на влечни возила од категорија Б и приколка, каде вкупната маса не надминува 3500кг и вкупната дозволена маса на приколката не ја надминува сопствената маса на влечното возило. 18 год. Основен предуслов за другите категории на моторни возила. Смее да управува со Б1, велосипед со мотор, трактор и работна машина. ДА
Б+Е

Комбинација на влечно возило од категорија Б и приклучно возило која комбинација не спаѓа во категоријата Б. 18 год. Б Смее да управува со Б1, велосипед со мотор, трактор и работна машина. ДА
Б1
Трицикли и четирицикли кои на рамен пат не можат да развијат брзина поголема од 50 км/ч или чија работна зафатнина не е поголема од 50cc или чија сопствена маса не е поголема од 550кг. 16 год. ДА
Ц
Групи на возила чија вкупна маса е поголема од 3500кг на кои може да им се додаде приклучно возило чија вкупна маса на надминува 750кг. 18 год. Б Смее да управува и со Б, Б1, Ц1, велосипед со мотор, трактор и работна машина. ДА
Ц+Е

Групи на возила чие влечно возило спаѓа во категоријата Ц на кое може да му се додаде приклучно возило чија вкупна маса е поголема од 750кг. 18 год. Ц Смее да управува и со Б, Б+Е, Б1, Ц1, Ц1+Е. ДА
Ц1

Моторни возила чија вкупна маса е поголема од 3500кг, но не поголема од 7500кг на кои може да им се додаде приклучно возило чија вкупна маса не надминува 750кг. 18 год. Б Смее да управуваси велосипед со мотор, трактор и работна машина.
ДА
Ц1+Е

Комбинација на возило од поткат. Ц1 и приклучно возило со вкупна маса поголема од 750кг но вкупната маса на комбинацијата да не надминува 12000кг а вкупната маса на прик. возило не е поголема од масата на празното влечно возило. 18 год. Ц1 Смее да управува и со Б и Б+Е. ДА
Д

Моторни возила за превоз на лица кои освен седиштето на возачот имаат повеќе од осум седишта на кои може да им се додаде приклучно возило чија маса не надминува над 750кг. 21 год. Ц Смее да управува со Б, Б1, Ц1, Д1. ДА
Д+Е
Комбинација од влечно возило од категоријата Д приклучно возило чија вкупна маса е поголема од 750кг. 21 год. Д Смнее да управува и со б, Б+Е, Ц, Ц+Е, Б1, Ц1, Ц1+Е, Д1 и Д1+Е. ДА
Д1
Моторни возила за превоз на лица кои освен седиштето на возачот има повеќе од осум седишта но не надминува 16 на кои може да им се додаде приклучно возило чија вкупна маса не надминува 750кг. 21 год. Ц или Ц1 Смее да управува со Б и Б1. ДА
Д1+Е
Комбинација на влечно возило од поткат. Д1 и прик. возило со вкупна маса поголема од 750кг. при што групата возила не надминува 12.000кг а вкупната маса на прик. возило не ја надминува масата на празно влечно возило. 21 год. Д1 Смее да управува со Б, Б+Е и Б1 ДА
ВМ
Возило на моторен погон чија работна зафатнина не е поголема од 50cc, а на рамен пат не може  да развие брзина поголема од 50км/ч. 14 год. НЕ
Трактор и трактор со приколка. / Работна машина и мотоколтиватор. 16 год. ДА



 


gototop