Дарко ТТ

П О Ч И Т У В А Н И !

Сте решиле дека е време да имате возачка дозвола, да научите да возите и станете учесник во сообраќајот од било која категорија (А,Б,Ц,Д или Е). Пред да го направите изборот на Авто Школа посетете ги сите Авто Школи во вашето населено место и оставете разумот да ве води. Уште при првиот "контакт" треба да почувствувате професионалност, ексклузивност, срдечност...

Ве уверуваме дека патот и изборот без двоумење ќе ве води кон Авто Школа Дарко-ТТ!

Авто Школата е основана и почна да работи на 01.07.2004 год. Таа е всушност резултат на долгогодишното искуство на основачот како возач инструктор и како член на испитна комисија за полагање возачки испит. Следејќи ги проблемите и барањата на идните возачи, всушност со отварањето на Авто Школата се направи пресврт во дотогашното "сваќање" за возачки испит и добивање возачка дозвола. Ние успеавме да ги елиминираме старите сваќања кои беа сведени на формално добивање на возачка дозвола на "разни" начини, а последиците (кој во огромен дел и денес ги чувствуваме) беа фатални како материјално така и со изгубени човечи животи. Во денешни услови на се поинтензивен сообраќај најважна е безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а сообраќајната култура, познавањето на правилата и прописите во сообраќајот како и стекнатите вештини и навиќи за управување со моторно возило почнуваат и завршуваат во Авто Школите. Поради лошиот пристап на работа во Авто Школите и положување на возачки испит по секоја цена, денес собраќајот е таков каков што е. Уште од почеток на работа наша цел беше и остана квалитетот на обука со најдобри и искусни инструктори од сите категории, предавања на теоретскиот дел во најсовремени простории и висико образовани стручни кадри како и обука со нови возила.

Денес Дарко-ТТ прерасна во вистинска академија за обука на возачи и е Авто Школа број 1 во Републиката, кое место го доби од самите кандидати за возачки кои всушност ја сватија сериозноста да се биде учесник со возило во сообраќајот. Бидејќи безбедноста на сите учесници во сообраќај е наш приоритет Авто Школата Дарко-ТТ ќе продолжи со професионалноста во обуката и едукацијата на идните возачи, укажувајќи им на потребата од управување со моторно возило, но и на сериозноста и одговорноста која тоа ја носи.

 

 
gototop
Joomla extensions by Siteground Hosting